
Владо Апостолов
БИРН Македонија
Владо во последните пет години покрива теми поврзани со организиран криминал, корупција и човекови права. На почетоците на неговата новинарска кариера Апостолов беше дел од тимот за уредување на економските содржини во повеќе медиуми, а пред да му се придружи на тимот на БИРН Македонија работеше како новинар и заменик-уредник во неделниот магазин Фокус.
Има работено во веб порталот „Нова Tв“, дневниот весник „Шпиц“ и неделниот магазин „Сега“. Владо има соработувано со повеќе медиуми кои покриваат вести од музиката и уметноста и има пишувано музички рецензии за повеќе магазини и оналајн музички портали.
Апостолов има посетено многу тренинг курсеви, вклучително и летната школа за истражувачко новинарство на БИРН во 2013 година. Добитник е на повеќе награди за истражувачки стории од Македонска асоцијација на новинари и Македонски институт за медуми.