Васко Попетревски

360 степени

Васко Попетревски е уредник и домаќин на популарната емисија „360 степени“, која се емитува на ТВ Алсат-М, национална двојазична телевизија во Македонија. Секој понеделник емисијата има своја истражувачка верзија базирана на терен, како и верзија со дебата или интервју секој петок.

Попетревски работел како уредник и новинар на телевизиите А1, Канал 5 и Алсат-М во Македонија, како и во дневниот весник „Дневник“ и неделникот „Граѓански“. Дипломирал на факултетот по новинарство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.