Васко Маглешов

Новинска агенција Макфакс

Васко Маглешов (1985) е новинар, телевизиски спикер и водител повеќе од десет години. Својата кариера ја започнува во националната телевизија Сител каде работи како новинар и ТВ водител. Четири години работи на сателитскиот канал 24 Вести како ТВ спикер, а повеќе од една година како уредник на вести во ТВ21.

Во моментов работи во новинската агенција Макфакс, каде работи на судски и политички теми, како и истражни приказни.

Во 2012 година магистрира на Институтот за социологија при Филозофскиот Факултет на тема „Политичко влијание во европското културно подрачје”. Маглешов бил дел од голем број професионални обуки и работилници за независни медиуми, медиумска писменост, проверка на факти и истражувачко новинарство. Бил дел од групата за кадрирање на анализата на медиумската покриеност и програмата за мониторинг на медиумите.

Маглешов е еден од авторите на Прирачникот за лажни вести и проверка на факти во Македонија.