Оливер Шрем

КОРЕКТИВ

Оливер Шрем (роден во 1964) е еден од најпознатите германски истражувачки новинари и автор и ко-автор на десет книги, вклучувајќи и неколку бестселери. Тој е главен и одговорен уредник на Коректив, германска непрофитна истражувачка редакција, чија главна цел е „на граѓаните да им овозможи пристап до информации“.

Во 1995 година ги открил нацистичките врски на австрискиот десничарски политичар Јорг Хајдер и на тој начин ги уништил неговите шанси да стане заменик-канцелар.

Во 2000 година Шрем објавува книга за начините на донирање што ги користела конзервативната партија ЦДУ, а откритијата го потресуваат политичкиот пејзаж во Германија, покренувајќи и истрага на оваа тема. Две години подоцна, Шрем издава книга за терористот Карлос „Чакал“, а следната година во серија написи и во две книги ги разоткрива смртоносните грешки на безбедносните агенции направени пред нападите на 11 септември.

Шрем работел во списанието Стерн од 2007 година, каде што објавил серија статии за германските политичари и безбедносните агенции и за нивната вмешаност во американската војна против тероризмот. Помеѓу есента 2010 година и 2011 година, тој  со неколкумина колеги во серија натписи обелоденил  криминал со местење фудбалски натпревари. Во 2012 година неговиот истражувачки тим истражувал еден од најголемите скандали во Германија во последните 10 години, познат како „Случајот НСУ во Германија“. Во 2013 година со својот тим открил мрежа од приватни компании во Германија кои дејствуваат како приврзаници на американските разузнавачки служби и врската со мафијата на најпознатата германска рап-ѕвезда Бушидо. Во 2010 година Шрем го основал истражувачкиот тим на Стерн, предводејќи го сè додека не се приклучил на магазинот Панорама.