Мите Кузевски

ВидиВака

Мите Кузевски е извршен директор на Фондацијата за дебата и образование ИДЕА Југоисточна Европа и основач на ВидиВака. Образовната позадина на Кузевски е во новинарството, но ја поминува последната деценија во комбинирање нови и традиционални медиуми. Работи како консултант за стратегии за комуникација и социјални медиуми за многу меѓународни невладини организации и компании.

Кузевски е основач на Центарот за нови медиуми, првата невладина организација во Македонија која ги промовира новите медиуми и нивната употреба. Ја основа и 140.mk – интернет страница на заедницата за корисниците на Твитер од Македонија и hash stats – интернет страница за креирање на инфографици од специфични хаштази.

Спроведува обуки за визуелно раскажување приказни на активисти од Балканот и целиот свет, како и обуки за дигитален активизам за невладини организации и активисти.