Мет Сарнецки

ОЦЦРП (Проект за известување за организиран криминал и корупција)

Мет Сарнецки е видеопродуцент кој работи на територијата на Источна Европа.

Неговите документарни филмови работени во рамки на Проектот за организиран криминал и корупција (ОЦЦРП) се прикажувани низ цела Европа. Сарнецки, кој повремено работи и како автор на стории и фотограф, има снимено документарни серии промовирани од списанијата Powder и VICE.

Во 2004 година дипломира на Универзитетот Колумбија во САД, на отсекот за политика и историја, а потоа магистрира новинарство на Беркли во 2013 година. Во периодот 2006-2007 година работи како асистент на Академијата за филм и телевизија во Прага.

За своите документарни филмови снимани за ОЦЦРП има освоено повеќе награди како ДИГ и ИРЕ медал.