
Кристина Озимец
Платформа за истражувачко новинарство и анализи - ПИНА
Кристина Озимец е истражувачка новинарка од Скопје и претседателка на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА.
Во текот на својата кариера како новинар, Кристина се има насочено во покривање повеќе теми од области како политика, корупција, владеење на правото, човекови права, граѓански сектор и образование. Повеќекратно е наградувана за истражувачките стории, а добива и признанија за професионалниот пристап и заложби во покривањето теми поврзани со маргинализираните заедници.
Озимец е и обучувач на темата истражувачко новинарство и постојан соработник и македонски дописник за Дојче Веле. Таа е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Кристина Озимец е и главен организатор на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје.