Ивор Фука

Лупига

Ивор Фука е главен и одговорен уредник на добропознатиот хрватски веб-портал Лупига од 2001 година. Минатата година, за да се овозможи натамошно независно функционирање на медиумот, од Лупига направија кампања за групно финансирање, што беше масовно поддржана од нивните читатели.

Фука пишува за домашната политика, медиумите, културата, општеството, човековите права, регионот, уметноста, животната средина, правејќи консултации за теми со колеги, лектори, фотографи. Има соработувно и со други хрватски медиуми меѓу кои и „Нови лист“, Бизнис дневник“, „Вечерњи лист“, неделното списание „Новости“.