Елида Зилбеари

ПортАлб

Елида Зилбеари дипломирала комуникациски науки, а во моментов е на мастер студии по дипломатија на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.

Работи во фондацијата Метаморфозис како проектен координатор на проекти поврзани со слобода на говор и проекти поврзани со јакнење на медиумите во Македонија.

Од 2012 година до денес таа е главен уредник на информативниот портал ПортАлб. Во 2018 година таа стана главен уредник на албанската верзија на проектот Сервис за проверка на факти од медиумите.