Џејн Литвиненко

BuzzFeed News

Џејн Литвиненко е новинарка во BuzzFeed News, каде се фокусира на теми врзани со дезинформациите на интернет. Истражува и анализира за ширењето лажни вести, дигиталните измами и подемот на хиперполаризација преку онлајн платформите.

Пишувала за онлајн нелегална продажба на дрога, криптовалентни измами, и разоткрила мрежи од лажни сметки кои користејќи ги социјалните медиуми ги мамат корисниците и профитираат благодарение на онлајн екосистемите.

Претходно, нејзините истражувања се појавуваат во Maclean’s, CBC News и Canadaland, каде воедно била медиумски известувач и уредник.

Покрај англискиот јазик, зборува руски и украински. Литвиненко живее во Торонто, а може да ја најдете како @JaneLytv на Твитер или да ја контактирате на jane.lytvynenko@buzzfeed.com.