Даниел Жонса

Google news lab

Даниел Жонса работи како предавач во Google News Lab за подрачјето на Централна и Источна Европа. Патувајќи низ овој регион, Жонса ги обучува новинарите како да го подобрат своето известување со онлајн-базирани алатки, споделувајќи најдобри искуства и примери од целиот свет. Пред да се приклучи на тимот на News Lab, тој работел во повеќе редакции во Полска, Велика Британија и кратко во Белгија.

До неодамна Жонса работел како репортер во HFMWeek во Лондон. Непосредно пред тоа бил дел од Citywire, каде го предводел проектот Global WOW („Кој што поседува“), кој беше сериозен кандидат за добивање на наградата Data Journalism Awards 2016 во категоријата „отворени податоци“. Пред да се пресели во Англија,  неколку години работел во најголемиот полски бизнис дневен весник, Dziennik Gazeta Prawna како заменик уредник.

Даниел има магистрирано финансиско новинарство на Лондонскиот Универзитет и на Вишеградската школа за политички студии на Советот на Европа, интернационална програма осмислена да ги обучи идните лидери за Централна и Источна Европа.

Тој исто така има посетувано повеќе програми поврзани со новинарство како M100 Youth Media Workshop во Потсдам; Foreign Correspondents Programme во Финска поддржана од финското Министерство за надворешни работи и EU Journalism Training at Euractiv.com во Брисел.