Карло Бонини

Ла Република

Карло Бонини е специјален дописник и истражувачки репортер во еден од најчитаните италијански медиуми, дневниот весник Ла Република. Тој има работено во Newsweek во Њујорк и подоцна во II Corriere della Sera во Милано.

Автор е на повеќе книги, од кои една посветена на затворот во заливот Гватанамо. Неговата новела Suburra, за криминалниот живот во Рим, беше филмувана во 2015 година, а потоа и адаптирана во ТВ серија емитувана на Нетфликс во 2017 година.