
Божидар Божиновски
Фејсбук коментатор/сатиричар
Божидар Божиновски е популарна јавна личност на Фејсбук, кој секојдневно коментира за различни политички и општествени прашања. Дел е и од популарната македонска комична и сатирична телевизиска емисија „Фчерашни новости“.
Божиновски е уредник на интернет страницата ФН, ориентирана на комедија и сатира, која објавува сатирични „вести“ кои низ хумор ги коментираат дневните политички настани во Македонија.