
Бојан Кордалов
Специјалист за односи со јавност и социјални медиуми
Тој има повеќе од 15 години работно искуство и потесна специјалност во областите на маркетинг, комуникации и онлајн медиуми. Работел на градење на голем број комуникациски стратегии, промоции, маркетинг и ПР активности, како и кампањи за потребите на приватни компании, граѓанскиот сектор, меѓународни организации и државни институции.
Бојан Кордалов е сертифициран обучувач за мултикултурализам и за дигитална и информациска писменост, а во изминатите 10 години бил предавач на повеќе од 300 обуки во земјава и регионот на теми поврзани со односите со јавноста, онлајн комуникациите и социјалните медиуми. Тој има редовни јавни настапи во електронските, печатени и онлајн медиуми од Македонија и регионот на ЈИЕ, а пишува и колумни од областа на односите со јавноста и дигиталните комуникации. Коавтор е на 3 публикации: „Општествена одговорност преку социјалните медиуми“ (2014 година); „Прирачник за неформално образование“ (2009 година) и магазинот „Да се запознаеме со ЕУ“ (2003 година).