Официјална програма

25Ден 1 October
Како да ги пронајдеме фактите и вистината во онлајн светот?
Разговор со Џејн Литвиненко од BuzzFeed News
Во Фејсбук: Тајните на социјалната мрежа
Фејсбук има повеќе од две милијарди корисници и сите произведуваат и споделуваат содржини. Повеќето од нив се безопасни, но некои од нив не се.
26Ден 2 October
Дебата: Владиниот пиар и социјалните медиуми – влијание, присуство или преголемо присуство
Дискусија за присуството и влијанието на владиниот ПР на социјалните мрежи
Презентација и работилница на ВидиВака
Како да ја „продадеш“ твојата приказна со помош на едноминутно видео.
Случај Дрисла: Не смрди само ѓубрето
Овој истражувачки телевизиски документарец ги открива коруптивните практики на властите во однос на работата на најголемата депонија во близина на Скопје, Дрисла, а поврзано со загадувањето во главниот град на Македонија и неговата околина.
Водомила
Длабоко во 21 век, во центарот на Македонија, долгогодишната негрижа на властите предизвикува апсурдна ситуација, каква што веројатно нема ниту во земјите од третиот свет:
Дебата: Истражувачкото новинарство во Македонија – предизвици и како понатаму
Дискусија за состојбата на истражувачкото новинарство во Македонија
Бајка за лажните вести
Оваа приказна нè води до еден неверојатен епицентар на лажни вести: Велес, Македонија.
Дафне: Егзекуцијата
Која беше Дафне Каруана Галиција и зошто беше убиена?
27Ден 3 October
Дискусија: Безбедноста на новинарите во Европа – кој го штити новинарството?
Безбедноста на новинарите во Европа
Лупига – Како независните медиуми може да постигнат успех со кампања за crowd-funding, со Ивор Фука
Лупига - пример дека независните медиуми може да се финансираат со поддршка од читателите
Рајски документи: Вистинската приказна позади тајната деветмесечна истрага
Одиме зад сцената на една од најголемите глобални измами - „Рајските документи“ на VICE News Tonight кои ни овозможуваат увид во тајната истрага од првиот ден на протекувањето.
Google news lab
Даниел Жонса од Google News Lab ќе зборува за новите онлајн-базирани алатки и како да се искористат во новинарството
Дискусија: Истражувачкото новинарство во Германија: Предизвици и моментална состојба
Истражувачкото новинарство во Германија: Тамошните предизвици и моменталната состојба
Убивањето на Павел
Павел Шеремет, наградуваниот белоруски новинар кој живееше во Украина, на 20 јули 2016 година беше убиен од автомобил-бомба во Киев.