Водомила

Длабоко во 21 век, во центарот на Македонија, долгогодишната негрижа на властите предизвикува апсурдна ситуација, каква што веројатно нема ниту во земјите од третиот свет:

Жителите на Богомила се принудени да ги пијат сопствените фекалии.

Водата од селскиот водовод со години е бактериолошки неисправна, а богомилчани ја плаќаат како да е чиста. Но, група млади активисти од селото не се помируваат со ова и ја предводат борбата за чиста вода.