Во Фејсбук: Тајните на социјалната мрежа

Фејсбук има повеќе од две милијарди корисници и сите произведуваат и споделуваат содржини. Повеќето од нив се безопасни, но некои од нив не се.

Како Фејсбук ги регулира содржините што поттикнуваат злоупотреба на деца, суровост кон животните, самоповредување и говор на омраза? Овој алармантен документарец нуди уникатен прикриен пристап до модерирачкиот центар на Фејсбук. Тој презентира вознемирувачка слика за организација која ги става парите пред моралот и за која екстремната содржина е еднаква на екстремна добивка.