Случај Дрисла: Не смрди само ѓубрето

Овој истражувачки телевизиски документарец ги открива коруптивните практики на властите во однос на работата на најголемата депонија во близина на Скопје, Дрисла, а поврзано  со загадувањето во главниот град на Македонија и неговата околина.

Документарниот филм предизвика серија реакции и протести од страна на локалните граѓани кои живеат во близина на депонијата. Непосредно пред емитувањето на документарниот филм, властите објавија дека ќе го стават потребниот филтер за заштита од загадување на животната средина, иако многу одамна беа најавени вакви инвестиции. По објавувањето на документарецот, властите од градот Скопје организираа турнеја за новинарите за да ја пренесат веста дека филтерот е конечно ставен. Документарниот филм има повеќе од 35.000 прегледи само на „Фејсбук“. Филмот беше емитуван и на локалните и националните телевизии, како и на другите медиуми на три јазици: македонски, албански и англиски.