Рајски документи: Вистинската приказна позади тајната деветмесечна истрага

Одиме зад сцената на една од најголемите глобални измами – „Рајските документи“ на VICE News Tonight кои ни овозможуваат увид во тајната истрага од првиот ден на протекувањето.

Еден ексклузивен пристап до истражувачките новинари од неколку континенти кои работат во тајност за да откријат еден невиден свет на оф-шор сметки, скриени пари и финансиско маневрирање од највисоко политичко, бизнис и финансиско ниво. Наградуваниот режисер на документарни филмови Ерик Вајнриб снимаше зад сцената во германскиот весник „Зидојче цајтунг,“ кој прв го доби пакетот со повеќе од 13,4 милиони документи, познати како „Рајските документи“. Документите потоа беа споделени со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, кој го организираше и надгледуваше тимот од 382 истражувачки новинари ширум светот, како и американскиот партнер „Њујорк тајмс“, лондонскиот „Гардијан“, рускиот весник „Новаја Газета“ и многу други како што истрагата напредуваше.