26. 10. @ 19:00 | Дебата: Истражувачкото новинарство во Македонија – предизвици и како понатаму
Дискусија за состојбата на истражувачкото новинарство во Македонија
И покрај бројните години на криза во медиумите на домашен терен, истражувачкото новинарство го наоѓа патот до својата публика. Кои се најглавните проблеми за ваквиот жанр и работа на медиумите? Дали смената на владината гарнитура ја подобри атмосферата во независното новинарство? Имаат ли младите новинари доволно знаење и услови за да се впуштат во водите на истражувачкото новинарство? Колку уредниците помагаат во овој процес? Каква е ситуацијата со истражувачкото новинарство во албанските медиуми во Македонија?
Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат отворени на оваа дебата.
Говорници: Александра Денковска, Фуркан Салиу, Владо Апостолов, Елида Зилбеари, Петар Клинчарски, Васко Попетревски
Модератор: Васко Попетревски