27. 10. @ 19:45 | Дискусија: Истражувачкото новинарство во Германија: Предизвици и моментална состојба

Истражувачкото новинарство во Германија: Тамошните предизвици и моменталната состојба

Германија ги има едни од најдобрите медиуми за истражувачко новинарство во светот. Во какви услови работат тамошните новинари? Каква е општата атмосфера за медиумите денес? Како да се задржи отворен прозорецот за  истражувачко новинарство? Како Германија и Европа се борат со ширењето дезинформации? Што треба да се направи за да се осигура безбедноста на новинарите?

Ова се само дел од од прашањата кои ќе се отворат за време на дискусијата со реномирани новинари од Германија.

Говорници: Анете Довидајт, Оливер Шрем, Фолкер Штајнхоф, Владимир Мирчески

Модератор: Владимир Мирчески