27. 10. @ 18:30 | Google news lab

Даниел Жонса од Google News Lab ќе зборува за новите онлајн-базирани алатки и како да се искористат во новинарството

Даниел Жонса од Google News Lab патува низ регионот и ги обучува новинарите како да го подобрат своето известување со онлајн-базирани алатки, споделувајќи најдобри искуства и примери од целиот свет.

Во Скопје ќе научиме што значи напредно истражување, како се собираат вестите и други техники кои новинарите можат да ги користат додека работат на своите приказни.

Работилницата со Даниел Жонса ќе биде на англиски јазик.

Работилницата е бесплатна и отворена за сите кои се заинтересирани. Ве молиме најавете го вашето учество на следниот линк за пријавување.

 

Говорници: Даниел Жонса