25. 10. @ 20:00 | Како да ги пронајдеме фактите и вистината во онлајн светот?

Разговор со Џејн Литвиненко од BuzzFeed News

Во ерата на пост-вистина, лажни вести и брзи споделувања – дали треба да веруваме во сѐ што ќе прочитаме? Џејн Литвиненко ќе зборува за нејзината работа во BuzzFeed и ќе ни помогне да ја побараме вистината во онлајн светот откривајќи ги вештините за проверување факти што треба да ги употребуваме за да ги раздвоиме фактите од фикцијата.

Говорници: Џејн Литвиненко

Модератор: Ана Трпеска