26. 10. @ 11:00 | Дебата: Владиниот пиар и социјалните медиуми – влијание, присуство или преголемо присуство

Дискусија за присуството и влијанието на владиниот ПР на социјалните мрежи

Владиниот пиар тим има вработено значителен број поранешни граѓански активисти, новинари или јавни фигури. Тие сè уште се многу присутни во сферата на социјалните медиуми, често коментираат за политички и социјални прашања и влијаат врз секојдневниот јавен дискурс. Повремено дебатираат со луѓе за одредени политики или одлуки донесени од Владата.

Кога може да се каже дека ваквото присуство е претерано? Дали тимот на Владата има етички водич за онлајн делување? Дали тие треба да се впуштаат во онлајн дебати и коментирање дневна политика? Каде е линијата, односно границата на користење приватни профили на социјалните медиуми за промоција на официјални владини политики? Дали официјалната веб страница на Владата и останатите веб страници на министерствата изгледаат како билборди за рекламирање на нивните активности или истите треба да бидат во служба на граѓаните? Ова се само дел од прашањата кои ќе бидат отворени на оваа дебата за владиниот пиар и нивните активности на социјалните медиуми.

Говорници: Бранко Героски, Божидар Божиновски, Марјан Забрчанец, Васко Маглешов, Бојан Кордалов

Модератор: Васко Маглешов