Дафне: Егзекуцијата

Која беше Дафне Каруана Галиција и зошто беше убиена?

Во октомври 2017 година автомобил-бомба ја уби истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција во Малта, замолчувајќи го слободниот глас кој со години, во осаменост, ги разоткриваше моќниците на островот, политичките компромиси, конфликт на интереси и корупцијата. Преку сведоци и оригинални слики, овој филмски документарец раскажува која била Дафне, кој ја убил, кој се плашел од нејзиниот глас, и кој ги истражува причините за политичкото убиство чии поттикнувачи се` уште се во сенка. Ова е интимен портрет на истражувачка новинарка убиена од автомобил-бомба во Малта.